Оглас за вработување во Монета (Заменик-генерален директор)

Оглас за вработување во Монета (Заменик-генерален директор)

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје-Центар пoштенски факс бр.915, кој е Давател на услугата Брз Трансфер на Пари- MoneyGram, Лиценцирана од страна на НБРМ, oбјавува :

 

ОГЛАС 

за Заменик-генерален директор

 

Работни задачи и одговорности:

 

• Соработува со генералниот директор со цел развивање и спроведување на долгорочен стратешки план;
• Идентификува, предлага и развива нови производи;
• Промовирање на услугите кои се нудат од страна на институцијата;
• Одговорен за развој и управување со мрежата на субагенти;
• Преговара договори за разни проекти;
• Го советува генералниот директор за специфични проекти;
• Поддршка на генералниот директор во подготовка на различни извештаи;
• Организирање и надзор на работата на сите одделенија;
• Надзор на тековно имплементирање на интерните политики и процедури;
• Предлага унапредување на постојните процеси;
• Го заменува генералниот директор во негово отсуство;
• Врши и други функции во согласност со закон, статут и други општи акти.

 

Потребни квалификации :

 

• Завршено високо образование на некој од факултетите за менаџмент или слично;
• Пожелни се постдипломски квалификации;
• Над 5 години работно искуство во управување;
• Добро познавање на македонскиот пазар;
• Одлични комуникациски вештини на македонски,англиски;
• Познавање на албанскиот јазик ќе биде предност.

 

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: kariera@moneta.mk, или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за заменик генерален директор”.

 

Напомена: Огласот важи од 04.01.2017 година до 18.01.2017 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.