Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е дел од М САН групација, најголема
регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија,
играчки и потрошувачка електроника. Причините за нашиот успех се
компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности,
квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени
услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна
логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од
постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
За потребите на Паком Компани во Македонија, имаме потреба од:
PRODUCT MANAGER
Работно место во Скопје
Одговорен за продажна и административна поддршка во сектор Продажба и
Набавка, профитен центар Потрошувачка Електроника, комуникација со
добавувачи и продажни партнери како и навремено, квалитетно и точно
пратење на продажни процеси и подготвување на извештаи.
Работни обврски:
- Изработка на документи и калкулации за прием на роба и извештаи како и
активно учество во сите оперативни активности
- Учество во продажба со цел реализација на месечни продажни планови
- Оперативно извршување на доделени работни задачи, договори и учество во
преговори
- Оперативно извршување на промоции и маркетинг активности
- Следење на трендови и активности на пазарот, квалитетна изработка на
извештаи, промоции и продажни акции
- Подготовка на потребни дневни, неделни, месечни и годишни извештаи
- Активна соработка со други сектори и членки на групацијата во Македонија и
регионот
Од кандидатите се очекува:
- Претходно искуство во продажба или комерцијален сектор на потрошувачка
електроника, аудио и видео како и апарати за домаќинство ќе се смета за
предност
- Високо познавање и користење на ИТ технологија и други интернет алатки
- Високо познавање и искуство во работење со MS Office програми и алатки
- Високо познавање и користење на англиски јазик во делот на деловна
комуникација
- Познавање и користење на хрватски или српски како и албански јазик во делот
на деловна комуникација
- Развиени аналитички способности, упорност и истрајност, самостална
организираност
- Проактивност и страст за работа, фокус и дедицираност кон реализација и
остварување на резултати
- Возачка дозвола, Б категорија
Ви нудиме можност за развој на Вашата кариера и реализација на успешни
резултати, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува
согласно промените на пазарот, компензација која стимулира (во зависност од
индивидуални или тимски резултати и успех во реализација на планови и
таргети), како и можност за понатамошно напредување, лично и
професионално усовршување. Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата
способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.
Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим на една од клучните
функции за успешно работење, доставете ни ја Вашата биографија на
македонски и англиски, на: vrabotuvanje@pakom.com.mk