Оглас за вработување во АВРМ... Нето плата - 23.000,00 денари

Оглас за вработување во АВРМ... Нето плата - 23.000,00 денари

Поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II" е проект финансиран од Европската Унија. Целта на Проектот е подобрување на можностите за вработување на невработените млади луѓе, долгорочно невработените и жените преку зголемување на нивните способности (знаење, вештини и однесување). Проектот ги поддржува следниве активни мерки на пазарот на трудот (компоненти на проектот: Практични обуки за невработени лица; Обуки за општи вештини; Обуки за вештини побарувани на пазарот на трудот). Краен рок за имплементација на проектот е 28.2.2017 година. Официјален јазик на Проектот е англискиот јазик. Позицијата наведена подолу е за полно работно време.

АВРМ објавува оглас за следното работно место
за потребите на Проектот „Поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II"
Службеник во Центар за вработување-Велес 

Клучни одговорности: Службеник во Центар за вработување на Велес ќе извршува секојдневни технички и административни активности за имплементација на компонентите на територијата на Центарот за вработување, под водство на проектниот менаџер и службениците за компонентите; Олеснување на процеоот на селекција на работодавачите и кандидатите заради спроведување на компонентите на територијата на соодветниот центар за вработување во соработка со службениците на компонентите и вработените во центарот за вработување; Спроведување на редовни проверки/мониторинг на квалитетот на активностите преземени во рамките на компонентите и особено преку следење на имплементацијата на под - договори (извештаите и придружните документи на поддоговорните страни и спроведување контрола на квалитетот; извештаи и придружни документи и спроведување на посети за контрола на квалитетот во просториите на работодавачите), Придонесување во месечните известувања, кварталните и други извештаи за компонентите; Ажурирање на проектните информации/податоци во базата на податоци за директниот грант; Архивирање на проектните документи поврзани со компонентите; Учество во подготовка на материјали за видливост во јавноста; Известување до службеници за компонентите, проектниот менаџер и проектниот координатор, давање преглед на техничкиот напредок и проблемите; Блиска соработка со координаторите во АВРМ за соодветните мерки. како и со другите вработени во АВРМ; Обезбедува поддршка и помош за проектниот тим.

Клучни квалификации:
• Универзитетска диплома;
• Најмалку 2 години работно искуство на проекг/и (проект координатор, службеник за следење и/или координирање и/или спроведување на проектни активности и слично);
• Искуство на работа со меѓународни донатори ќе се смета за предност;
• Добри комуникациски вештини со говорење и пишување на македонски и англиски јазик;
• Познавање на работата оо компјутер;
• Возачка дозвола.

Работното време изнесува 8 часа девно, 40 часа неделно, распоредот е понеделниик до петок од 08:30 до 16:30. Договор за вработување на определено време од 1 месец и можност за продолжување до 30.11.2017 година, согласно Законот за работни односи. Нето платата изнесува 23.000,00 денари.

Апликантите се повикуваат да ги достават своите Europass работни биографии - CV (http://europass.cedefop.europa.eu) и мотивациони писма на англиски јазик, како и копија на документи како доказ за образованието, работното искуство, вештините (универзитетска диплома, договори/референци од претходни работодавачи, возачка дозвола) во запечатен коверт по пошта или на рака, на следната адреса: АВРМ, ул. Васил Ѓоргов 43,1000 Скопје. Во надворешната страна на ковертот наведете наслов на проектот "Поддршка на вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени 1Г и позиција за која аплицирате и текст "Да не се отвора до сесија на евалуација".

Краен датум за приемот апликации (СV и мотивациско писмо) е 20.01. 2017, 16:30 часот, а изборот ќе биде изврше во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат известени и ќе бидат интервјуирани. Апликациите пристигнати по истекот на рокот и / или доста вени на друг начин (на пример по факс или по електронска пошта) или доставен на други адреси или доставени на други јазици освен на англиски јазик нема да о разгледуваат. Ве молиме без телефонски јавувања.

Попречни прашања (еднакви можности, етничка припадност и сл) ќе обезбеди и ќе се земат во предвид во сите аспекти на процесот на регрутирање. Овој оглас е исто така објавен на веб-сајтот на АВРМ: www.avrm.gov.mk