Доделени Златните Глобуси, „La la Land“ апсолутен победник

Доделени Златните Глобуси, „La la Land“ апсолутен победник

Подготвил: Маја Пероска

Музичката комедија „La La Land“ е голем победник на церемонијата „Златни глобуси“ која се одржа во Лос Анџелес.


Романсата помеѓу идната актерка и музичарот „La La Land“ беше фаворит со седум номинации. Филмот ги освои сите седум награди, поставувајќи рекорд во добивање награди за еден филм : најдобра комедија, најдобро сценарио најдобар режисер, најдобра музика и најдобра оригинална песна, а главните актери Ема Стоун и Рајан Гослин, кои пеат и танцуваат на најпривлечните места во Лос Анџелес, исто така беа наградени. Режисерот Дамин Шазел им се заблагодари на продуцентите што ризикувале со филмот и верувале дека постои публика за истиот, Арон Џонсон Тејлор во „Ноќни животни“ и Виола Дејвис во „Fences“, адаптација на театарска претстава, прогласени се за најдобри споредни актери.

 „Moonlight“, филмот за млад хомосексуалец кој расте покрај мајка зависник, освои Глобус за најдобра драма, а Кејси Афлек за најдобар актер во драма за „Manchester by the sea“. Францускиот филм „Elle“ прогласен е за најдобар странски филм, а главната актерка во филмот Изабел Ипер е прогласена за најдобра актерка.

Телевизиските глобуси припаднаа на сериите „American Crime Story: The People vs O. J. Simpson“, „The Night Manager“ и „The Crown“, секоја со по неколку освоени Глобуси. Глобусите несигурно упатуваат и на добитниците на Оскарите, но победниците добиваат аура која може да влијае на гласањето за најпрестижната наградата за седмата уметност.