Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје има потреба од

Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје има потреба од

Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ Скопје има потреба од

ИЗВРШЕН УРЕДНИК

Квалификации
• Завршено високо образование – Филолошки факултет (книжевност)
• Одлично познавање на македонската и светска книжевност, како и на издавачката сцена во Македонија
• Способност за пишување и уредување на текстови на македонски јазик
• Одлично познавање на англискиот јазик, а познавањето на други јазици ќе се смета за предност
• Напредни комуникациски вештини (јавно говорење, говорење пред камера)
• Добро познавање на работа со компјутер, посебно Office пакет
• Способност за работа во тим и исполнување на рокови
• Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност.

Опис на работното место
Уредникот ќе биде задолжен за асистирање на главниот уредник во реализацијата на издавачката програма, комуникацијата и следењето на работата на авторите, преведувачите, лекторите, како и за коресподенција со агенти за авторски права и други институции. Исто така, ќе остварува комуникација со медиумите и ќе ја презентира издавачката програма на куќата. Ќе редактира текстови, ќе го следи процесот на објавување на книгите и тековно ќе ги води административните работи.

Рок на огласот – 20.01.2017
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат ЦВ и мотивациско писмо на kariera@kniga.mk.
Ќе се земат предвид само апликантите што целосно ги исполнуваат наведените услови.