Водостопанство на РМ вработува! Отворени се 21 (дваесет и едно) работно место

Водостопанство на РМ вработува! Отворени се 21 (дваесет и едно) работно место

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр. 167/2015 и 27/16), a во врска со Одпуката за потреба од засновање работен однос бр. 02042561 од 27. 07. 2016 година, Главниот извршен директор на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје има потреба од засновање на работен однос на определено време со работници за следните работни места:

Дирекција на АД Водостопанство на РМ Скопје

Едно (1) лице на работно место Соработник за наводнување (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТСГрадежен или Земјоделски факултет, со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно место Соработник за одводнување (за периодот до 31. 12. 2017 година);
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Градежен или Земјоделски факултет, со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000 .00 денари.

Едно (1) лице на работно место Соработник за правни работи (за периодот до 31. 12. 2017 година);
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Правен факултет, со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно место Соработник за услуги со кориснициправни лица (за периодот до 31. 12. 2017 година);
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно место Соработник за услуги со корисницифизички лица (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно место Соработник за човечки ресурси (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Правен факултет, со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 26, 000. 00 денари.

Подружница Битолско Поле Битола

Едно (1) лице на работно местоадминистративнотехнички секретар (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно образование IV степен, со или без работно искуство.
Основната плата за работното место е 18, 584. 00 денари.

Едно (1) лице на работно местореферент за услуги со корисници (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно економско или гимназија, IV степен, со или без работно искуство.
Основната плата за работното место е 18, 584. 00 денари.

Подружница Брегалница:

Едно (1) лице на работно местореферент за договори, поплаки и жалби (за периодот до 31. 12. 2017)
Со завршена ВСС -Правен факултет VII/1 ил 180 кредити no ЕКТС, 3 години работно искуство во струката.
Основна плата за работното место е 19, 500. 00 денари.

Подружница Црн Дрим Охрид

Едно (1) лице на работно место Соработник за експлоатација на ХМС (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено високо образование, 5 години работно искуство.
Основна плата за работното место е 20, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно местоработник за одржување на брани (за периодотдо 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно образование, машинска насока, 3 години работно искуство.
Основна плата за работното место е 12, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно местоадминистративно технички секретар (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно образование, без работно искуство.
Основна плата за работното место е 12, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно место рефернт за финансиски работи (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно образоание, економска насока, 3 години работно искуство.
Основна плата за работното место е 12, 000. 00 денари.

Едно (1) лице на работно месторефернт за одводнување и наводнување (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршено средно образование, градежен техничар, 3 години работно искуство.
Основна плата за работното место е 12, 000. 00 денари.

Подружница Полог Гостивар:

1. Две (2) лица на работно место Соработник за правни работи (за период до 31. 12. 2016 година)
Со завршен ВСС VI 1/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Правен факултет со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 23, 200. 00 денари.

2. Две (2) лица на работно место Инжинер за слив и хидроуличка целина (за период до 31. 12. 2016 година)
Со завршен ВСС VI 1/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Земјоделски или Градежен факултет со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 24, 000. 00 денари.

3. Две (2) лица на работно место Соработник за финансиско работење и планирање на буџет (за период до 31. 12. 2016 година)
Со завршен ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Економски факултет со или без работно искуство.
Основна плата за работното место е 23, 200. 00 денари.

Подружница Прилепско Поле Прилеп:

Едно (1) лице на работно место Референт за финансиско работење и сметководство (за периодот до 31. 12. 2017 година)
Со завршена ВСС VII/1 степен или стекнато 240 кредити според ЕКТС Економски Факултет, без работно искуство во струката.
Основна плата за работното место е 22, 000. 00 денари.

Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа.
Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 07, 30 до 15, 30 часот со пауза од 30 минути.

Со пријавата кандидатите треба да достават:
Пријава;
Копија одлична карта;
Доказ за завршено образование (оригинали или копија заверена на нотар);
Доказ за работно искуство за работно место за кое се бара работно искуство;
Уверение за државјанство (копија);
Контакт телефон.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето, не сметајќи го денот на објавување.

Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи за исполнување на посебните услови по овој оглас можат да ги достават непосредно до архивата на Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, ул. Славејко Арсов" бб зграда 3 Скопје или по пошта, со назнака „ЗА ОГЛАС. Телефон за контакт 078499414, лице за контакт Александра Пандевска.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.

Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави нема да се земаат во предвид при разгледување.

АД „Водостопанство на РМ" Скопје Главен извршен директор Ромео Тренов