Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 28.02.2017
 

Конкурс за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/2018 година

 
Врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/2018 година

 

1. Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2. Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

3.  Две (2) стипендии со траење од две седмици, за посета на летниот курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик од Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:


1. Образец за пријавување;

2. Копија од диплома или заверен препис на нотар;

3. Копија од пасош (со страната на фотографија):

4. Оригинална потврда потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна установа за прием на студенти за размена;

5. Една препорака од страна на домашната установа за размена на студенти;

6. Две препораки од страна на домашната установа за размени за истражување на докторски студии.

Kандидатите потребно е да ги пополнат и обрасците кои може да се обезбедат на следниот линк:

http://eng.cmepius.si/programmes/bilateral-scholarships/

Пополнетите обрасци, заедно со потребната документација, во три примероци, се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје.

Краен рок за пријавување е 28 февруари 2017 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска.

 
date-icon Активен до: 28.02.2017
 
Објавено на 12.01.2017 во категорија Стипендии
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Стипендии