Оглас за вработување во резиденција... Отворени се 3 работни места, нето плата - 24.600,00 денари

Оглас за вработување во резиденција... Отворени се 3 работни места, нето плата - 24.600,00 денари

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
во резиденција

Работни позиции:
1. Перачка / пеглачка (2 извршители)
2. Градинар (1 извршител)

Опис на работните позиции:

1. Перачка / пеглачка
Вработената на оваа позиција води комплетна грижа за облека, ткаенина, велур, крзно, кожа, ќебиња, драперии, постелнини и слично, што вклучува вештини за перење и пеглање различни ткаенини/материјали. Познавањето англиски јазик е задолжително за оваа позиција заради читање упатства за постапување со специфични материјали и ткаенини.

2. Градинар
Градинарот е одговорен за дворот, односно околината на резиденцијата, води грижа за тревните површини, флората и фауната кои живеат во дворот.

Потребни квалификации и познавања
Завршено соодветно образование за позицијата за којашто се аплицира
За позицијата бр. 1 задолжително 5 (пет) годишно работно искуство во сервис за хемиско чистење
За позицијата бр. 1 познавање работа на машина за шиење
За позицијата бр. 2 задолжително искуство во хортикултурно одржување и искуство во грижа и одгледување домашни животни
Познавање англиски јазик (задолжително за позиција бр. 1, за другата позиција се смета за предност)
Висока работна етика
Работно време: 40 часа неделно

Месечни примања:
1. Перачкапеглачка нето плата 24.600,00 денари
2. Градинар - нето плата 24.600,00 денари

Огласот е отворен 5 дена. Апликациите (вклучувајќи CV со фотографија и препораки од претходи работодавачи) треба да бидат доставени на е-пошта: rezidencija.p@gmail.com