Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 28.04.2017
 

Стипендии за студирање во Индонезија

 
Се информираат сите заинтересирани граѓани дека за академската 2017/2018 година достапни се две програми за доделување на стипендии за студии во Индонезија и тоа:

- Дармасисва програмата на Владата на Индонезија преку која се доделуваат стипендии за студии поврзани со изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура на еден од 59-те универзитети кои се лоцирани во Индонезија. Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата http://darmasiswa.kemdikbud.go.id/, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата.

- БИПА програмата на УМП Универзитетот (Universitas Muhammadiyah Purwokerto) за изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура, преку програми во времетраење од 1, 2, 3 или 6 месеци. Повеќе информации за овој тип на стипендии може да се обезбедат на http://international.ump.ac.id/index.php/international-programs/bipa/bipa-scholarship. Апликацијата и потребните документи се доставуваат на електронската адреса bipaump@gmail.com.
date-icon Активен до: 28.04.2017
 
Објавено на 12.01.2017 во категорија Стипендии
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook