Агенција Рејтинг нуди вработување со полно работно време

Агенција Рејтинг нуди вработување со полно работно време

Агенција Рејтинг нуди вработување со полно работно време, со сите бенефиции и осигурувања. Нашите вработени имаат целосна поддршка, солидна почетна плата, со можност за раст во самата компанија. Позицијата која ја нудиме е со полно работно време, односно од 08:30 до 16:30 часот. Потенцијалот за заработка и напредок во нашата компанија е огромен!

Одговорности:

• Административно водење на проектите за кои сте задолжени
• Подготвување извештаи за општата работата
• Подготвување на извештаи за вработените и комуникација со агентите
• Подготовка на исплати и основно водење на финансии финансии
• Основна комуникација со клиенти
• Овозможување комуникација помеѓу агентите и останатите тимови на Агенција Рејтинг

Квалификации и карактеристики:
Бараме личност која има искуство со подготвување извештаи и напредно работење во Microsoft Office. Позицијата наложува прецизно работење, и изработка на детални анализи и извештаи поврзани со назначените проекти. Предуслови за работната позиција се следните:
• Одлични компјутерски вештини
• Одлично познавање на Microsoft office пакетот, особено Мicrosoft Excel
• Да бидете смирена и толерантна личност
• Способност за увидување детали и темелно работење
• Одлично говорење на англискиот јазик
• Солидни комуникациски и интерперсонални вештини

Агенција Рејтинг (www.ratingcallcenter.com) е меѓу водечките компании во регионот за комуникации и истражувања. Нашиот тим постојано расте а компанијата има канцеларии во четири земји на Балканот. Работиме на проекти во десет земји членки на Европската Унија.

Испратете ни го Вашето резиме на следната е-маил адреса: info@rating.mk. Ве очекуваме!