Објавени се конкурсите за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот

Објавени се конкурсите за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот

Стипендиите се во износ од 40.000 долари, а апликантите треба да исполнат неколку услови. По завршувањето на студиите, кандидатите имаат обврска да се вратат во земјава и да работат најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.



Министерството за образование ги објави конкурсите за доделување на стипендии за најдобрите 100 универзитети во светот, според ранг листата на шангајскиот Џио Тонг Универзитет.

Стипендиите се во износ од 40.000 долари, а апликантите треба да исполнат неколку услови. По завршувањето на студиите, кандидатите имаат обврска да се вратат во земјава и да работат најмалку двојно поголем период од периодот на студирање.

Дополнително од Министерството информираа дека доколку Антикорупциската комисија даде зелено светло, најдоцна до понеделник треба да се објават резултатите од Конкурсот за доделување на студентски стипендии. Како што појасни заменик- министерот Ристовски, постоела законска пречка за објавување на конкурсните резултати до завршување на изборниот процес.

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од прв циклус во странство за академската 2017/2018 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2017/2018 година

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од трет циклус во странство за академската 2017/2018 година