Оглас за вработување во ЗЕНИТ... Отворени се две работни места и една волонтерска позиција

Оглас за вработување во ЗЕНИТ... Отворени се две работни места и една волонтерска позиција

Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласува две слободни работни места (Проектен координатор; Соработник за истражување, анализа и промоција) и една волонтерска позиција, за кои описот е даден подолу. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини (на македонски или англиски јазик), заедно со мотивациско писмо на zenith@zenith.org.mk не подоцна од 23 јануари 2017 година (понеделник). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да го наведат називот на позицијата за која се пријавуваат. Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.





1. Проектен координатор

Главни задачи и активности:
• организирање и учествување на проектни настани;
• спроведување консултации за собирање инпут од граѓанското општество и споделување повратни информации и исходи;
• застапување на ставовите и интересите на граѓанското општество;
• подготвување, издавање и претставување публикации;
• организирање активности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации;
• менторствои подучување на граѓанските организации;
• спроведување истражувања и анализи на секторски политики, предизвици и потреби.

Потребни вештини и квалификации:
• универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус ќе се смета за предност);
• професионално искуство од минимум две години во работа на проекти (предност ќе имаат лица со искуство во: спроведување програми/проекти финансирани од Европската унија, проекти за зајакнување на граѓанското општество, проекти за учество на засегнатите страни во креирање политики или прописи, иницијативи за застапување односно лобирање, проекти што барале комуникација и соработка меѓу засегнати страни од повеќе сектори);
• комуникативност, тактичност, способност за тимска работа;
• познавање на законската и институционалната рамка за граѓанскиот сектор во Македонија;
• одлично познавање на англиски јазик и на Microsoft Word, Excel и PowerPoint;
• познавање на претпристапната помош од Европската унија ќе се смета за предност.

Ангажман:40 часа неделно
Предвидено е работниот однос да започне на 01.02.2017 година, а договорот ќе биде склучен на определено време (најмногу до 31.07.2018 година) и можност за продолжување, со претходен пробен период.
Месечна нето-плата: 21.000 денари









2. Соработник за истражување, анализа и промоција

Главни задачи и активности:
• организирање и учествување на проектни настани;
• спроведување истражувања и анализи;
• набљудување, оценка и известување за проектни активности;
• подготвување, издавање и претставување на публикации.

Потребни вештини и квалификации:
• универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус ќе се смета за предност);
• професионално искуство во работа на проекти во граѓански организации од минимум две години (предност ќе имаат лица со искуство во: спроведување програми/проекти финансирани од ЕУ, проекти за зајакнување на граѓанското општество, проекти што барале комуникација и соработка меѓу засегнати страни од повеќе сектори);
• комуникативност, тактичност, способност за тимска работа;
• познавање на законската и институционалната рамка за граѓанскиот сектор во Македонија;
• одлично познавање на англиски јазик и на Microsoft Word, Excel и PowerPoint.

Ангажман: 20 часа неделно (пола работно време)
Предвидено е работниот однос да започне на 01.02.2017 година, а договорот ќе биде склучен на определено време (најмногу до 31.03.2018 година) и можност за продолжување, со претходен пробен период.
Месечна нето-плата за пола работно време: 16.800 денари








3. Волонтер

Волонтерот ќе има можност да стекне практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации, фондации и институции –меѓу кои и институциите на Европската унија, организација на настани, консултации со засегнати страни и спроведување истражувања и анализи.

Волонтерот ќе има активности во просек по 20 часа неделно, во период од 3 до 6 месеци. За покривање на трошоците за храна и превоз, волонтерот ќе добивамесечен надомест во износ од 4.200 денари.

Главни волонтерски задачи:
• подготовка на информативни материјали за активностите и иницијативите на организацијата;
• следење на тековни медиумски објави/настани од интерес за делокругот на организацијата;
• поддршка во вршење истражувања и анализи;
• поддршка при организирање обуки и настани;
• комуникација со институции и организации, вклучително и присуство на состаноци и средби со организации/институции;
• други тековни активности од работењето на организацијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• студенти во последна година на додипломски студии, студенти на постдипломски студии или дипломци/магистри од областа на општествените науки (политички науки, право, новинарство, економија, социологија и други поврзани области);
• напредно познавање англиски јазик;
• солидни компјутерски вештини (Microsoft Word, Excel, PowerPoint);
• солидни комуникациски вештини и способност за запазување крајни рокови.