Најчестите грешки при креирање лозинки

Најчестите грешки при креирање лозинки

Подготвил: Маја Пероска

Интернетот постои веќе неколку децении, но корисниците и понатаму ги прават истите грешки кога се во прашање нивните лозинки. Според истражувањата на компанијата „Kaspersky Lab“, корисниците својата онлајн безбедност често ја изложуваат на ризици.


Со истражувањето се опфатени трите најчести грешки при креирањето лозинка.

1.    Луѓето ја користат истата лозинка за повеќе профили, што значи дека ако се открие лозинката, можат да бидат хакирани сите профили.

2.    Луѓето користат слаби лозинки кои се многу едноставни за откривање.

3.    Корисниците небезбедно ги чуваат своите лозинки, што ја поништува самата поента на креирање.

Истражувањето укажува на фактот дека повеќемината корисници се сретнале со хакирање на профили, но многу мал број од нив ги применува безбедносните мерки. Само 30 проценти од корисниците креираат нови лозинки на различни профили, додека пак 10 проценти ги користат истите. Само 47 проценти користат комбинација од мали и големи букви во лозинките, додека 6 проценти практикуваат комбинации на букви и броеви.

Истражувањето открило дека луѓето често и ги делат своите лозинки со другите или користат небезбедни методи за нивно памтење. Дури 22 проценти од корисниците ги споделиле своите лозинки со блиските, а 11 проценти со пријателите. Над 22 проценти признале дека ги запишувале своите лозинки на лист за полесно да ги запомнат. Дури и да е лозинката силна, сепак на овој начин е изложена на ризик, ако некој друг ја забележи и ја искористи. Според експертите, најдобрите лозинки се долги, со големи и мали букви, броеви и знаци за интерпункција.