Соопштение на МОН во врска со екстерното тестирање

Соопштение на МОН во врска со екстерното тестирање



Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017 година да започне на 23 јануари 2017 година, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30.1.2017 година до 3.2.2017 година.

Министерство за образование и наука