Биографскиот роман за Марија Кири и нејзината асистенка со три ампутирани екстремитети, преведен на македонски јазик

Биографскиот роман за Марија Кири и нејзината асистенка со три ампутирани екстремитети, преведен на македонски јазик

Подготвил: В.Ф.

Приказната е многу интересна. Кусо пред Марија Кири да стане првата жена добитничка на две Нобелови награди, една од асистентките во нејзината лабораторија, Бланш Витман, преживеала три ампутации. Таа ги изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена. Преку ликот на Бланш како врховна жртва, авторот го воведува ликот на Марија Кири



Биографски роман за нобеловката Марија Кири и нејзината помошничка денеска излезе од печат на македонски јазик. Романот „Книга за Бланш и Мари“ од шведскиот писател Пер Улов Енквист, во кој еден од централните ликови е познатата хемичарка Марија Кири Склодовска, го издаде „Антолог“ од Скопје. Преводот на македонски јазик е на Искра Бадева.

Приказната е многу интересна. Кусо пред Марија Кири да стане првата жена добитничка на две Нобелови награди, една од асистентките во нејзината лабораторија, Бланш Витман, преживеала три ампутации. Таа ги изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена.

Дејството во романот е лоцирано во времето кога Бланш тукушто се вратила кај Мари од болницата „Салпетриер“, каде што своевремено буквално била пациент-ѕвезда.

- Бланш била „кралица на хистеријата“, една од жените кои познатиот доктор Жан Мартен Шарко бесплатно ги прегледувал. Тој предизвикувал кај пациентите напади на грчење со притискање на одредени места на телото – за што, се претпоставува, имал одредена шема. Потребата да го притисне, на пример, грлото на матката објаснува зошто жените морале да бидат разголувани. Овие „смотри на хистеријата“ кои биле колку насилни толку и запрепастувачки креативни, поредизвикувале голем интерес кај сите. Ги следел и тогашниот асистент на Шарко, младиот Зигмунд Фројд - објаснуваат од „Антолог“.

Преку оваа моќна приказна, преку ликот на Бланш како врховна жртва, авторот го воведува ликот на Марија Кири. Контроверзниот роман дава сосема нови податоци за некои од најголемите имиња од светот на науката на минатиот век. Весникот „Индепендент“ оценува: „Ова е историја на интелектот, осветлена од молњата на експресионизмот“.

Пер Улов Енквист (1934), познат и како П.У. Енквист, е еден од најистакнатите шведски писатели на меѓународната сцена. По дипломирањето книжевна историја работел како колумнист во весник и како модератор во телевизиски дебатни емисии. Неговото пишување го направило влијателна личност на шведската книжевна сцена. Во 1970-тите живеел во Берлин и во САД. Од 1977 година е самостоен уметник писател. Добитник е на највисоки книжевни признанија. Една од најзначајните книжевни награди во Скандинавија го носи токму неговото име.

„Антолог“ ја објави книгата со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.