Еколошки брод се подготвува за пловидба околу светот

Еколошки брод се подготвува за пловидба околу светот

Подготвил: Б.Б.


Бродот „Енерџи Обзервер“, катамаран претворен во „зелен пловен објект“, е опремен со соларни панели, турбини на ветер и ќелии за гориво кои произведуваат водони.

Моделот на еколошкиот брод

Првиот брод што се движи исклучиво на обновливи извори на енергија, се подотвува за почетокот на шестгодишната пловидба околу светот што ќе почне оваа пролет.

Бродот со вредност од пет милиони евра се наоѓа во бродоградилиштето во Сен Малоу, во северна Франција, од каде ќе тргне на патување околу светот наречено „Одисеја за иднината“.

Се планира во текот на патувањето низ светските океани и мориња да се заплови до 101 пристаниште во 50 земји.

Францускиот еколог, Николас Ило, на претставувањето на проектот во седиштето на Унеско во Париз истакна дека бродот ќе демонстрира бројни решенија за „енергетска транзиција“ и дека сите решенија се наоѓаат во природата.

Бродот е наречен и „морскиот Солар импулс“ според авионот на соларен погон што во јули 2016 го заврши етапниот лет околу светот користејќи електромотори на струја добиена од соларна енергија.