Оглас за вработување во КНАУФ - Македонија

Оглас за вработување во КНАУФ - Македонија

Компанијата Кнауф е регионален и светски лидер во пронаоѓање решенија во градежната индустрија и производител на градежни материјали со преку 20 000 вработени, кои работат во повеќе од 150 фабрики во целиот свет.

Со цел развивање на работењето, го објавуваме огласот за следното работно место:

Инструктор / Демонстратор
за програмата прашкасти производи и градежна хемија на територија - Република Македонија 1 извршител

Краток опис на работата:
Претставување на производи и примена на производи
Професионално советување и сервисирање на постоечките купувачи
Воспоставување и одржување на добри деловни односи со нови купувачи
Организирање на семинари, презентации, обуки и саеми за сите целни групи

Услови за кандидатите:
Минимум ССС, пожелно техничка насока
Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција од областа на молерај, фасада, малтерисување
Пожелно е претходно работно искуство во продажна компанија
Работа на компјутер (MS Office програми)
Поседување возачка дозвола Б категорија

Пожелни особини на кандидатот:
Способност за комуникација и добри вештини на прзентирање
Ориентираност кон купувачите и кон остварување на резултати
Висок степен на одговорност
Проактивност
Познавање на Англиски и Германски јазик

На вработените им нудиме:
Работа во динамичен тим
Можност за напредување
Стимулативна плата и додатни бенефиции
Константно професионално усовршување

Сите заинтересирани кандидати ги повикуваме да достават своја биографија и мотивациско писмо најдоцна до 01. Февруари 2017 година на следната емеил адреса: info@knauf.com.mk


Некомплетни пријави и пријави испратени после наведениот рок нема да бидат разгледувани. Компанијата Кнауф го задржува правото да повика на разговор само потесен круг на кандидати.