Отворени се 2 (две) работни позиции:
1. Работно место: Специјалист за развој на основна мрежа
2. Работно место: Менаџер на Тим за телекомуникациска инфраструктура и управување со сопственост
Служба за планирање и имплементација на основна мрежа во Сектор за Развој на мрежи и сервисни платформи во Област на главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Специјалист за развој на основна мрежа
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
Високо образование - Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или други технички факултети,
3-5 година соодветно работно искуство
Активно познавање на англиски јазик
Напредно познавање на MS Office
Познавање и работа со напредни телекомуникациски мрежни системи (IMS, MSS,, IP Coreопрема...), архитектура на мрежа, дизајн на мрежа, оптимизација на мрежа.
Работни задачи:
Изработува технички решенија за развој на платформи и врши проценка на трошоците заради навремено обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на Бизнис планот на компанијата
Изработува проектна документација за имплементација на техничките решенија за развој на основна пакетска мрежа заради создавање услови за правилна имплементација на проектите со цел обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги
Управува со процесот на имплементација на проектите во улога на Проект Менаџер и/или Проект Елемент Менаџер заради навремена реализација на проектите согласно бизнис планот и стандардите на компанијата, CAPEX планот, буџетот и временските рокови, како и во согласност со меѓународните телекомуникациски стандарди и соодветни законски акти на државата
Изработува редовни извештаи за капацитивно и сообраќајно искоритување и мониторинг на КПИ и Квалитет на Сервис на основна мрежа, врши проценка на трошоците и предлага мерки за оптимизирање на истите заради потенцијални заштеди на компанијата
Изработува технички барања за набавка на опрема за сегментот на основна мрежа со цел да се имплементираат решенија кои ќе обезбедат оптимална комбинација на најнапредна технологија , нови услуги и заштеда на финансиски средства
Учествува во подготвување на концепти и имплементација на IP&Data, Интернет и Деловни производи и услуги од мрежна, технолошка и оперативна перспектива заради задоволување на корисничките барања, исполнување на Бизнис планот и оптимизација на мрежата.
Учествува во одредување на CAPEX и OPEX врз основа на оптимални технички алтернативи за поддршка на подготовката на деловна студија за имплементација на нови/иновирани Говорни/IP&Data/ Интернет/ Деловни платформи
Ревизија на CAPEX планираниот буџет на проектот, доколку е потребно
Изработка на анализи и извештаи за рутирање и оптимизација на сообраќајот заради подобрување на КПИ во мрежата и подобрување на квалитетот на услугите
Ја следи состојбата на минималниот сет на залиха во делот на основна мрежа и дава предлози за негова оптимизација за обезбедување на услови за непречено реализирање на сите телекомуникациски услуги
Учествува во тестови за контрола на квалитет при имплементација на нови IP&Data/Интернет/Деловни платформи, со што придонесува кон правилно работење на услугите и подготвува предлози за унапредување на истите
Изработка на налози до Секторот за управување со технологии и сервиси за имплементација, реконфигурација, деинсталација на елементи/карактеристики/сервиси во основната мрежа со цел обезбедување на услови за реализација на сите телекомуникациски услуги согласно Бизнис планот на компанијата
Изработка на налози до Секторот за управување со технологии и сервиси за реконфигурација или демонтажа на мрежни елементи поради оптимизација на искористување на мрежни ресурси и потенцијални заштеди
Учествува во корпоративни проекти како специјалист од својата област
Анализа и разработка на редовни извештаи и извештаи по потреба за Раководителот на Служба за Планирање и имплементација на Основна мрежа и Директор на Секторот за управување со технологии и сервиси
Способности и вештини:
Комуникациски и аналитички способности, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа.
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за развој на основна мрежа
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 30.875,00 денари
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура во Сектор за развој на мрежи и сервисни платформи во Област на главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Менаџер на Тим за телекомуникациска инфраструктура и управување со сопственост
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
Високо образование – Електротехнички факултет или друг факултет од техничка област (машински, архитектура, градежен)
5 години соодветно работно искуство
Активно познавање на англиски јазик
Работа со компјутери (MS Office Power point),
Добро познавање на мобилните и фиксни пристапни технологии од аспект на изградба на потребна инфраструктура
Напредно познавање на закон за градење и други законски акти т.е легислатива релевантна за изградба на телекомуникациски објекти
Добро познавање на закон за електронски комуникации
Работни задачи:
Управување со процесот на аквизиција и регулирање на инфраструктурни локации за фиксна и мобилна пристапна мрежа (базни станици, оддалечени степени во фиксна пристапна мрежа, др.) во сите негови фази заради изградба на локации и остварување на планираната имплементација за развој на пристапните мрежи. Тоа вклучува:
Преговори со сопственици за инфраструктурни локации за фиксна и мобилна мрежа
Подготовка, хармонизација и верификација на договори за изнајмување на локации и други договори поврзани со инфраструктурата на пристапните мрежи (пр. договор за службеност)
Координирање на процесот за обезбедување на одобренија за градба за инфраструктурни локации за фиксна и мобилна пристапна мрежа од релевантните институции согласно законот за градење
Управување со процесот за добивање одобрение за градба кај надлежните институции, што подразбира интерен надзор и координација на сите фази во подготовката и поднесување на потребната документација и согласности/мислења и комуникација со надлежните институции.
Планирање и управување со инвестициски проекти за регулирање на правен статус на нови локации за фиксна и мобилна пристапна мрежа и енергетски водови, и легализација на постоечки базни станици и енергетски водови заради реализација на планираниот инвестициски буџет
Управување и ажурирање на базата на податоци за комплетната инфраструктура во фиксна и мобилна пристапна мрежата и релевантните договори за изнајмување/закуп и пристап до инфраструктурните локации
Управување со процесот на регулирање на имотно-правниот статус на инфраструктурата во пристапните мрежи (фиксна и мобилна), што вклучува, но не се ограничува на:
обновување на договорите за изнајмување на инфраструктурни локации за пристапни мрежи (базни станици, оддалечени степени во фиксна пристапна мрежа, др.), пред нивното истекување или поради промена на сопственост на земјиштето/објектот
договори за обезбедување на службеност за пристап до инфраструктурните локации
решавање на сопственички и договорни прашања за инфраструктурата на фиксната и мобилната пристапна мрежа (базни станици, оддалечени степени во фиксна пристапна мрежа, пристапни патишта, електро-енергетски водови и др.)
Управување со процесот на легализација на фиксна и мобилна инфраструктура (организација, координација, надзор, комуникација со подизведувачи) заради обезбедување легален статус на постоечките инфраструктура согласно законот за легализација на бесправни објекти.
Одговорен за соодветна изведба на работните задачи, свесен за неусгласеноста во сервисите на кои може да наиде во текот на извршување на нејзината работа
Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на организациската единица дадени од страна на претпоставениот
Способности и вештини:
Одлични организациски способности, напредни преговарачки и комуникациски способности, креативност, посветеност на работните обврски, промовирање на тимски дух на работа, самодоверба, проактивност, работа под стрес и кратки рокови, управување со време, делегирање на задачи, добри презентациски вештини, управување со конфликти
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Менаџер на Тим за телекомуникациска инфраструктура и управување со сопственост
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 34.008,00 денари
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.