Прва снимка од мистериозното животно

Прва снимка од мистериозното животно

Подготвил: Маја Пероска

Црвениот морски змеј (Phyllopteryx dewysea) е редок вид на риба чие постоење е потврдено дури во 2015 година, а научниците можеле да го проучуваат нејзиното постоење и да го докажуваат на мртви примероци, пишува „Daily Mail“.


Со камера приклучена на возила на далечинско управување, неодамна за прв пат е снимен и жив примерок. Видето е снимано со послабо осветлување, за да се истакне црвената боја и изгледот на таинственото животно. Живее на крајбрежјето на Западна Австралија на длабочина поголема од 50 метри, а може да порасне до 24 центиметри, а од морското коњче се разликува по тоа што има подолга уста и опаш.

Покрај новооткриениот црвен морски змеј, постојат уште и морски змеј-лист и обичен морски змеј.

Првиот примерок на црвен морски змеј е забележан во 1919 година и до неодамна се сметало дека не станува збор за нов вид, но потоа со помош на технологија и ДНК е утврдено дека се работи за нешто сосема поинакво.