Зошто мажите и понатаму доминираат во филмовите?

Зошто мажите и понатаму доминираат во филмовите?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Трејлерите на филмовите од 2016 година на гледачите им ветија многу силни женски ликови. Џин Ерсо, Дори, Харли Квин, Џуди Хопс. Се чини како 2016 да беше година на полова еднаквост во најголемите филмови на Холивуд.

 

analiza


Меѓутоа, не е така.

Доколку анализата започне од „Rogue One: A Star Wars Story“, ќе забележите дека самиот промотивен материјал за филмот индицира дека Џин Ерсо (Фелисити Џонс) е главниот лик. Самиот постер го покажува тоа. Кога сликата на ден лик е неколку пати поголема од другите, тогаш веројатно станува збор за главен лик. Освен тоа, Џин е единствената жена на овој постер. Всушност, Џин често во текот на филмот е единствената жена во било која сцена.

 

1


Доколку земете да ги анализирате филмовите кои најмногу заработиле во 2016 година („Captain America: Civil War“, „Finding Dory“, „Zootopia“, „The Jungle Book“, „The Secret Life of Pets“, „Batman V. Superman: Dawn of Justice“, „Rogue One: A Star Wars Story“, „Deadpool“, „Fantastic Beasts and Where to Find Them“ и „Suicide Squad“) веројатно уште пред анализата ќе помислите: Со оглед на тоа што има премногу моќни жени во овие филмови, голем дел од нив мора да се полово еднакви, нели?

Податоците и анализата

За да открие дали има полова еднаквост меѓу овие филмови, Амбер ги пронашла скриптите од филмовите со цел да направи подлабока анализа за нејзината поставена теза.

Ова се нејзините резултати претставени во табели.

 

2


Што покажуваат резултатите?

Ниту еден од топ 10-те филмови за 2016, немале женски ликови кои зборувале 50% од филмот.

„Finding Dory“ е единствениот филм кој успеал да стигне на одредено ниво на полова еднаквост со 43% женски ликови. За да биде еднаков, филмот би требало да има уште 8 женски улоги кои зборуваат.

 

123


„Rogue One“ беше најлош. Само 9% од ликовите кои зборуваат се женски. Од 10 ликови, 1 беше компјутерски глас, 1 се појави на екранот не подолго од 5 секунди, а 1 кажа само еден збор.

„The Jungle Book“ имаше само 10% од дијалозите во филмот во кои зборувале женски ликови.

„Finding Dory“ и „Zootopia“ се единствените два филмови од најдобрите за 2016 во кои женските ликови имале поголем дел од дијалогот.

Во „Captain America: Civil War“, жените беа помалкубројни од мажите во сооднос 5:1. Во текот на филмот, тие беа присутни во само 16% од дијалогот.

Бетмен зборуваше 2.4 пати повеќе од Супермен, и 6 пати повеќе од Вондервоман во „Batman V. Superman“.

78% од дијалогот во „Rogue One“ доаѓа од Џин Ерсо.

Додека Харли Квин беше доста рекламиран лик од филмот „Suicide Squad“, таа зборуваше во 42% од дијалогот, и имаше исто толку зборови колку Флојд.