Оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време во  Македонска развојна фондација за претпријатија

Оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време во Македонска развојна фондација за претпријатија

mrfp

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи и член 8 од Правилникот за работни односи на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), МРФП распишува ОГЛАС за вработување на 2 (два) работника на определено време од четири месеци, со можност за продолжување, на работно место асистент на проекти во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

 

Кандидатот треба да ги исполнува општите, како и следните посебни услови:

 

• основни познавања за работата на МРФП,
• VI А или 240 кредити според ЕКТС,
• познавање на македонски и англиски јазик,
• докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис,
• возачка дозвола Б категорија,
• работно искуство на проекти финансирани од донатори, ќе се смета за предност.

 

Кандидатот треба да ги поседува следните вештини и способности:

 

• планирање, анализа и организација на работа,
• комуникација и презентација,
• тимска работа во мултикултурно опкружување,
• приспособување на нови и различни задачи,
• извршување повеќе задачи истовремено и испорака во кратки рокови,
• подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,
• уредност и организираност.

 

Работното време изнесува 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно. Основната бруто плата за наведеното работно место изнесува 31,370 денари.

 

Кандидатите треба да достават:

 

пријава на оглас за работа,
• биографија и
• копија од диплома за завршено образование.

 

Документите треба да се достават на следната адреса:

 

Македонска развојна фондација за претпријатија
Ул. Никола Парапунов 41А
1060 Скопје
Или не е-пошта: mrfp@mrfp.mk Лице за контакт е Димитар Смилјановски, тел. 02 3088 992

 

Рокот за поднесување документи почнува да тече од 16.01.2017 година и трае 5 (пет) работни дена.

 

По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју.

 

Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавените кандидати.