Вуди Харелсон ќе го снима првиот филм „во живо“ во историјата

Вуди Харелсон ќе го снима првиот филм „во живо“ во историјата

Подготвил: Б.Б.


Актерот Вуди Харелсон

Првиот филм на Хичкок во Техниколор е „Јаже“ (1948) и е монтиран така што да изгледа како сè да е еден кадар, а унгарскиот режисер Бела Тар триесет години подоцна го сними „Магбет“ во еден кадар, но сега Вуди Харелсон сака да оди чекор понатаму.

После низа филмови од 21 век во кои режисерите целото дело го снимале наеднаш (посебно е впечатлив филмот „Рускиот ковчег“), славниот актер сака да го направи тоа без можност за поправка.

Неговиот филм „Изгубен во Лондон ВО ЖИВО“ (Lost in London LIVE) ќе се снима во петок, а истовремено ќе биде емитуван во повеќе од 550 кина ширум САД.

Приказната се темели на една ужасна ноќ што вистински ја проживеал во Лондон и кога бил уапсен, а се работи за комбинација на драма и комедија.

Харелсон истакнува дека таа работа воопшто не е лесна.

„Некој ме праша дали после ова повеќе луѓе ќе се обидат да го направат истото. Мојот одговор е  не, доколку претходно разговараат со мене. Ова навистина е напорно“, вели тој.

Со него во филмот настапуваат и музичарот Вили Нелсон и неговиот голем пријател, актерот Овен Вилсон, кој му помогнал и околу сценариото.