Нови технологии доаѓаат во автомобилската индустрија

Нови технологии доаѓаат во автомобилската индустрија

Подготвил: Б.Б.


Низа нови технологии во автомобилската индустрија се насочени кон трансформирање на начинот на кој возачите се однесуваат со/во нивните возила.

Презентација на Nvidia за новиот полу-автономен систем на возење

Додека светот очекува да се појават самоуправувачки автомобили, годинашниот настан во Лас Вегас (Consumer Electronics Show) ќе се осврне на неколку нови технологии што ќе им бидат од корист на возачите.

На пример, BMW планира да користи холографска технологија за да создаде независен екран покрај воланот. Дисплејот во боја ќе ги прикажува регулаторите за клима уредот или забавните содржини во автомобилот (In-car entertainment), додека вградена камера ќе го детектира прстот на возачот врз дисплејот, овозможувајќи му да ги прилагодува контролите со притискање врз светлечкиот екран. Сè уште е непознато кога оваа технологија ќе биде вградена во автомобилите, но системот за контрола на движењата од 2015 година е веќе достапен во производните модели.

Во меѓувреме, Ford објавија дека ќе го вметнат паметниот асистент на Амазон, Алекса (Alexa), во своите модели. Патниците ќе имаат можност да му задаваат задачи на Алекса – да ги информира за ресторани во близина, за временска прогноза или да вклучи музика, на пример.

Во двата случаи, автомобилските гиганти јасно се насочени кон задржување на вниманието на возачот на условите на патот. Со оглед на порастот на бројот на смртни случаи предизвикани од невнимание, се чини дека проблемот го усложнуваат полу-автономните системи во автомобилите.

Компанијата Nvidia објави дека сака да активира полу-автономна возачка технологија за да го направи мануелното возење побезбедно. Идејата им е да користат што повеќе сензори кои ќе им го зголемат вниманието на возачите за условите на патот. Нивниот систем е предвидено да им праќа сигнали со помош на камери што ќе им откриваат на возачите што не забележале возејќи.