Џемпери за индиските слонови за заштита од најавените ниски температури

Џемпери за индиските слонови за заштита од најавените ниски температури

Подготвил: Марта Димитров

Откако биле најавени температури под нулата, локалните жени во Индија почнале да прават шарени џемпери за злоставуваните слонови.

слон-во-џемпер

Конзерваторскиот центар ги прима спасените слонови кои претходно претрпеле тепање или друг вид на злоставување, а жените ја изработуваат облеката. Картик Стианарајан, основач на центарот, реклa дека е многу важно да се направи оваа акција.

„Важно е да ги заштитиме нашите слонови заштитени од студениот бран додека трае зимата, бидејќи тие се слаби и ранливи од злоставување, а воедно и подложни на болести како пневмонија,“ рекла во изјава за Times of India.

плетење за слонови

Во моментот во центарот се сместени 20 слонови спасени од незаконско заробеништво, циркуси и изложеност на екстремно малтретирање. Персоналот планира да спаси уше 50 слонови во 2017, со надеж дека ќе обезбеди и повеќе земјиште за нив.