Какво време да очекуваме овој викенд?

Какво време да очекуваме овој викенд?

Денес е четврток, 26 јануари 2017 година, 26-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:46, а ќе зајде во 16:45 часот. Денот ќе трае 9 часа и 59 минути.

Ова утро во Македонија во поголем дел од Македонија имаме појава на магла која што понекаде условува видливост помала од 100 метри и ниска облачност но и студено време. Сончеви периоди се очекуваат во крајните западни предели како и во Гевгелиско-Валандовскиот регион и на планините.

МАКЕДОНИЈА – По студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Иако во поголем дел од Македонија маглата и ниската облачност ќе се задржат и во претпладневните часови. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури се во опаѓање и ќе се движат од -12 до -4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 5 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе ја имаме и во раните претпладневни часови. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено време. Утринската температура од -6 степени, додека пак максималната дневна до -1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови стабилизација на времето. Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што ќе условува претежно сончево време со студени ноќи и утра но и со појава на магла. Во петок во утринските часови појава на магла која што понекаде ќе се заджи и во претпладне, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Утринските температури од -16 до -5 степени, а максималните дневни од -3 до 5 степени. Во вечерните часови и во текот на појава на магла. Во сабота по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време со температури од -15 до -3 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта појава на магла. Во недела во утринските часови појава на магла, а во текот на денот умерено облачно време си повремени сончеви периоди и потопло. Минималните температури од -11 до -1 степен, додека пак максималните од -1 до 7 степени. Во понеделник појава на магла и ниска облачност кои понекаде ќе се задржат во поголем дел од денот, а во останатите предели умерено облачно со сончеви периоди и температури од -2 до 6 степени.

Weather4all.com.mk