Кој се` присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп?

Кој се` присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп?

Подготвил: Тамара Гроздановски

инаугурација

 

„CNN“ објави интерактивна фотографија на која може да се видат лицата скоро на сите луѓе кои присуствувале на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон.


Оваа неверојатна фотографија е направена со помош на гигапиксел камера, „DSLR“ фотоапарат поставен на моторен трајпод кој континуирано прави фотографии во временски интервал од 10 до 20 минути. Фотографиите се во висока резолуција и споени даваат слика од 360° со која можете да си играте, да ја ротирате и да ја истражувате до најситни детали.

Благодарение на оваа технологија јасно можат да се видат лицата на сите луѓе кои присуствувале на инаугурацијата на новиот претседател. Скоро подеднакво чисто се гледаат и оние кои стоеле во последните редови пред Капитол.

Кој се` присуствуваше на инаугурацијата и што правел додека Трамп ја положувал заклетвата, можете да погледнете ТУКА.