Најнов тренд – кафе од печурки

Најнов тренд – кафе од печурки

Подготвил: Марта Димитров

 Финската компанија “Four Sigmatic” која се фокусира на производи од печурки се очекува да пушти во продажба необичен производ. Целта на кафето од печурки е едноставна: да се консумира храна преку која полесно ќе се дојде до здравствените придобивки.

кафе од печурки


Станува збор за легални печурки, а за да се создаде кафето се мешаат повеќе видови. Прашокот кој е резултат на овој процес во концентрирана форма ги содржи нутритивните својства на печурките. Откако ќе биде тестиран за безбедност и квалитет, тој се меша со органско инстант кафе, микс кој би можел да се додаде во жешка вода и да биде замена за обичното кафе.

Од видовите на печурки кои се користат некои го намалуваат нивото на шеќер кај пациентитте со дијабетес тип 2, а други дека бранат од бактерии и вируси. Овие факти се докажани со истражување и не се само маркетиншки трик.

Сепак, не значи дека редовните лекови да се заменат со кафето и како и сите други лекови може да имаат несакани дејства. Ако дојдете во ситуација да го консумирате, можеби најдобро е да се консултирате со Вашиот лекар.