Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Студиите покажуваат дека луѓето страдаат од илузии на морална супериорност

 
Сметате дека сте поискрени од една просечна личност? Повеќе принципиелни? Пофер?


Ако така мислите, тогаш не сте сами. Во студиите постојано се открива дека луѓето мислат дека се морално посупериорни од останатите. Ова не е изолирано верување – луѓето исто така, сметаат дека се подобри од просечните, кога станува збор за интелигенцијата и останатите позитивни карактеристики.
Новата студија на Бен Тапин и Рајан МекКај, ги следи претходните сознанија кои откриваат тенденција кон само-подобрување, како и мислење за себеси како за „подобар од другите“. Сметаме дека сме посоцијални и кооперативни од просечното, но најмногу сметаме дека сме повеќе искрени и фер од останатите. Таквото мислење не е секогаш неоправдано, бидејќи луѓето имаат повеќе информации за себеси отколку за другите.

Во студијата биле вклучени 270 учесници, па било мерен степенот до кој само-подобрувањето било оправдано со развивање на модел кој ги зема предвид расудувањата на луѓето за себеси и за другите, врз основа на 30 особини и меѓусебни разлики. Со оваа анализа, можело да се одреди степенот до кој само-подобрувањето било последица на креирање одреден заклучок за останатите.
Анализата открила дека степенот всушност и не е оправдан, односно не се базира само на спонтан заклучок за останатите, врз основа на здобиените информации. Со тоа се поставуваат две прашања : Зошто луѓето се склони да си ги припишуваат позитивните карактеристики на себеси? Зошто луѓето да бидат виновни за тоа, кога особините се морални?

Можеби затоа што мислењето за себеси како за искрени и топли лица, прави да се чувствуваме подобро, а моралните особини се клуч за личниот идентитет. Истражувачите откриле дека социјалните особини  се поврзани со самодовербата, но не и оние поврзани со моралноста. Втора можност е тоа што луѓето не ја преценуваат својата морална доблест, но ја потценуваат моралната доблест кај останатите. Во тој случај, тоа што ги гледаме другите помалку поволно од себеси, се компензира со намалена веројатност за правење на грешка – претпоставката дека друго лице ќе биде искрено и фер, а не е. За разлика од тоа, кога мислите дека друго лице е топло и друштвено и ќе погрешиме, тоа не го сфаќаме толку страшно.

Како и да е, илузиите на морална супериорност се загрижувачки. Авторите на студијата велат : „Кога спротивните страни се убедени во сопствената правичност, поверојатна е ескалацијата на насилство и шансите за резолуција се на кобно ниско ниво“.
 
Објавено на 30.01.2017 во категорија Наука
Подготвил: Маја Пероска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook