Оглас за вработување Мак Аутостар

Оглас за вработување Мак Аутостар

Мак Аутостар дооел е генерален застапник за Mercedes-Benz патнички и стопански возила, автобуси и Unimog, потоа овластен дистрибутер за Mitsubishi Fuso и Setra, како и генерален дистрибутер за Mitsubishi Motors и Мobil во Република Македонија.

 

 

Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бараат кандидати за следните позиции:

 

1. Консултант за контакт со клиенти во сервис
2. Сервисен советник
3. Комерцијалист за продажба на резервни делови

 

Кандидатите за позициите 1 и 2 треба да ги поседуваат следните квалификации:

 

Образование

 

Завршено високо образование VII1 степен од областа на техничките науки (машински, електротехнички или слично) или од економската струка

 

Искуство и вештини

 

• Завршени обуки кои се однесуваат на работа со клиенти од услужни дејности
• Работно искуство во автомобилски сервисен сектор и/или во слични активности од услужниот сектор (претходно искуство во сервис како сервисен советник или сервисен рецепционер ќе се смета за предност)
• Обезбедување поддршка на клиенти и аквизиција
• Продажба и продажни вештини
• Телефонска комуникација со клиенти
• Познавање на автомобилските брендови
• Основно компјутерско знаење и деловно комуницирање
• Англиски јазик (германски јазик ќе се смета за предност)
• Возачка дозвола Б категорија (Ц категорија ќе се смета за предност)

 

Кандидатите за позиција 3 треба да ги поседуваат следните квалификации:

 

Образование

 

Соодветно средно образование. Завршено високо стручно образование од областа на техничките науки ќе се смета за предност.

 

Исукство и вештини

 

• Комуникациски и продажни вештини
• Познавање и анализа на пазар на резервни делови за патнички, товарни и комби возила
• Управување со залихи
• Идентификување нови, воспоставување и одржување контакти со клиенти
• Основно техничко познавање на составни делови на автомобили и камиони
• Искуство на работно место продажба на делови ќе се смета за предност
• Англиски јазик (германски јазик се смета за предност)
• Основно компјутерско знаење и деловно комуницирање
• Возачка дозвола Б категорија

 

Сите апликации кои треба да содржат биографија и мотивирачко писмо треба да бидат доставени заклучно со 10.02.2017 година на следната email адреса: office@makautostar.com.mk