Оглас за вработување во адвокатска канцеларија

Оглас за вработување во адвокатска канцеларија

Еминентна Адвокатска канцеларија, со регистрирано седиште во центарот на Скопје има потреба да го зајакне својот адвокатски тим со искусен адвокат.

 

Одговорности на работно место:

 

- Изготвување на тужби, жалби, опомени, дописи до државни органи, извршители, нотари, адвокати, поднесоци, договори, одлуки, решенија и други правни акти.
- Општи правни работи во областа на канцелариско и архивско работење.
- Работи од областа на Деловно право, Трудово право, Кривично право, Облигационо право, Граѓанско право.
- Редовна деловна комуникација со клиенти.

 

Потребни квалификации:

 

- Завршено високо образование при Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје.
- Положен правосуден испит;
- Претходно работно искуство од 5 години;
- Работно познавање на компјутери и MS Office пакетот, дата бази, напредно пребарување и истражување;
- Одлично познавање на Англиски јазик;

 

Личен профил:

 

- Одговорна и лојална личност;
- Организирана и самоиницијативна личност;
- Способност за преговарање;
- Одлични комуникациски способности;
- Одлични способности во пишување;
- Способност за самостојна и тимска работа;

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат своја кратка биографија на следната е-маил адреса: aleksandar@lazarov.com.mk, со задолжителна назнака на позицијата “Адвокат", најдоцна до 29.02.2017 година.