Математиката во виртуелната реалност

Математиката во виртуелната реалност

Подготвил: Марта Димитров

Двајца Американци во соработка со американски математичари ставиле во функција апликација која овозможува истражување на математички теореми, отчитување на графикони, употреба на вектори и многу други функции со кои задачите се решаваат во 3Д.

3д математика


Оваа револуционерна апликација им овозможува на корисниците да видат како различни варијации во математичка смисла би изгледале во права смисла. Доволно е да го вклучите посебниот калкулатор и да ги ставите виртуелните наочари.

Ваквиот начин на проучување на математиката овозможуваа користење на неверојатна способност на мозокот за толкување на 3д просторни објекти, кои во голема мера го олеснуваат учењето на математичките поими. Наскоро оваа апликација би го заменила традиционалниот начин на учење на математиката, барем што се однесува до оние на кои им е достапна.