Оглас за вработување во ВИП, огласот важи за Скопје, Битола и Велес

Оглас за вработување во ВИП, огласот важи за Скопје, Битола и Велес

One.Vip во моментот бара кандидати за да го зајкне одделот за продажба. Ако сакате да работите во динамична меѓународна средина и сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пријавете се за следната позиција: 

ПРОДАЖЕН АГЕНТ - D2D 

Потребни услови за работа
• Желба за работа со корисници;
• Одлични преговарачки способности;
• Одлични комуникациски и презентациски способности;
• Флексибилност и ориентираност кон квалитет;
• Желба за континуирана надградба на знаење и лесна адаптибилност кон нови технологии;
• Силна позитивна иницијатива;
• Способност за работа под притисок;
• Тимски играч и позитивна личност;
• Упорност;
• Работа со компјутери (MS Office);
• Место на живеење Скопје, Битола или Велес

Одговорности и задачи
• Презентација и промоција на услуги на принципот D2D - врата на врата;
• Проактивна продажба на производи и услуги на one.Vip;
• Остварување на зададените продажни цели;
• Активно учество во дистрибуција на промотивни матријали;
• Постапување по кориснички барања;
• Осигурува високо ниво на корисничко задоволство според стандардите на one.Vip;

Вашето CV испратете го на kariera@onevip.mk