Повик до сите млади невработени лица

Повик до сите млади невработени лица

Агенцијата за вработување на Рапублика Македонија (АВРМ) во рамките на проектот „Поддршка за вработување на млади“, финансиран од страна на Оперативната програма за “Развој на човечки ресурси 2007-2013“(ИПА Компонента IV), а врз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017 година, го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС
за невработени млади лица за учество во мерката
„Практикантство“

Овој јавен оглас се однесува на сите регистрирани невработени лица (активни баратели на работа) на возраст до 29 години, заинтересирани да земат учество во мерката „Практикантство“ со можност да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти, за период од максимум 3 (три) месеци практична обука.

Невработените лица треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија;
- Да се со завршена минимум средна стручна подготовка;
- Да се на возраст до 29 години; и
- Да немаат регистрирано претходно работно искуство согласно нивното образование.

Избраните кандидати ќе поминат тримесечна практична обука. Обуката на невработените лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во практичната обука, се предвидува паричен надоместок (трошоци за храна и превоз) во износ од 5.043,00 денари месечно по практикант (со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување во износ од 658,00 денари и персонален данок на доход од 560,00 денари) покриени од страна на проектот финансиран од ЕУ.

Соодветните заинтересирани кандидати ќе бидат избрани од страна на евалуациска комисија според потребите и барањата на работодавачите. Сите избрани невработени лица ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата. Заинтересираните невработени лица за овој оглас можат да поднесуваат пријави континуирано во текот на целата година во текот на работното време од 8:30 – 16:30, секој работен ден почнувајќи од 02.02.2017 година.

Пред потпишување на договорите работодавачите ќе бидат одговорни за потпишување на Изјава со која се потврдува дека не постои конфликт на интереси во однос на лицата кои ќе учествуваат во програмата за практикантство. За подетални информации ве молиме посетете ги работните клубови во рамките на Центрите за вработување низ државата, како и следниве веб страни:

Агенција за вработување (АВРМ): www.avrm.gov.mk;
Министерство за труд и социјална политика (МТСП): www.mtsp.gov.mk.