Цела Македонија на потег – Ќе се обединиме ли за оваа акција?

Цела Македонија на потег – Ќе се обединиме ли за оваа акција?

Оваа сабота ве очекува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу „Еден на Еден“. Жаре и екипата ќе го угостат еден од најпознатите кантавтори на овие простори - Владо Георгиев кој е стар пријател на шоуто. Минатиот пат пееше на хелиум и го запали цел Балкан, а за ова гостување му се подготвуваат уште поголеми изненадувања.

Посебно внимание ќе привлече повикот за обединување на Жаре. Поради тоа што пробелмите со воздухот во Македонија само се зголемуваат, Жаре повика на заедничка акција на сите нас, овој понеделник на 6-ти февруари да споделиме статус со хаштагот #ДенНаВоздухот и да направиме сите да видат дека сакаме да дишеме чист воздух!

Бидете и оваа сабота на Телма во 19 и 15 часот, а овој понеделник не заборавајте да споделите статус со #ДенНаВоздухот и да го дадеме својот глас за убаво општество.

Погледнете го видеото: