Стопанската комора на Македонија вработува

Стопанската комора на Македонија вработува

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува

О Г Л А С
за прием на работник на определено време

    Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на еден извршител на определено време (три месеци), со можност за продолжување на работниот однос, за работно место соработник за работи од областа на кадрите, работните односи, други правни работи и правен консалтинг за потребите на Стручната служба во Службата за оперативни работи во рамките на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Комората.
    
    Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

-    Висока стручна подготовка - дипломиран правник (VII1 степен или минимум 240 ЕКТС кредити);
-    Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и правен консалтинг (посебно во примената на регулативата од трудовата област и од областа на облигационите односи);
-    Одлично познавање на англиски јазик;
-    Одлично познавање на работа со компјутер;
-    Развиени комуникациски вештини;
-    Ефикасност, организираност и подготвеност за тимска и самостојна работа;
-    Флексибилност, саминицијативност и насоченост кон изнаоѓање на     решенија.

    Работни задачи:

-    Работи во врска со работните односи и кадровската евиденција за потребите на Комората;
-    Правни работи за потребите на Стручната служба на Стопанската комора на Македонија - подготовка на меморандуми, спогодби, договори, одлуки, процедури, правилници, упатства;
-    Следење на спроведувањето на одобрените обуки и иницирање на спроведување нови обуки за професионален развој на вработените;
-    Работи во врска со електронската евиденција на склучени меморандуми, спогодби, договори и правните акти на Комората.

    Работното време е 40 часа неделно (понеделник-петок). Работното време е клизно во периодот од 08:00 - 08:30 часот наутро до 16:00 - 16:30 часот попладне.

    Основната нето плата изнесува 25.935,00 денари, месечно.

    Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија со контакт податоци, копија од диплома за завршено ВСС и доказ за работното искуство, на следната адреса:

Стопанска комора на Македонија,  ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје или наведените документи во скенирана форма на e-mail: ljupka@mchamber.mk
    
    Контакт: Љупка Илиевска Самарџиска, тел: 02/ 3 244 018.
    Рокот за пријавување е 7 календарски дена сметано од денот на објавувањето на Огласот.
    Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
                            
Бр. 04-185/1            
    03.02.2017 година
    С к о п ј е