Најдобрите и најлошите филмови од филмската индустрија во моментот

Најдобрите и најлошите филмови од филмската индустрија во моментот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Февруари секогаш е чуден месец за нови филмови. Сите потенцијални добитници на Оскар веќе излегоа, а истото важи и за летните блокбастери.

Додека ги чекате Оскарите, во меѓувреме, доколку барате нешто да погледнете и нешто да избегнете, ова се тие филмови, според рангирањето на критичарите од „Metacritics“.

„I Am Not Your Negro“

1

Поени: 96/100

Овој документарец ги користи белешките на Џејмс Болдвин за животот и атентатот на Медгар Еверс, Малком Х и Мартин Лутер Кинг Џуниор со цел да ги истражи расните тензии во Америка.

„Oklahoma City“

2

Поени: 74/100

Документарец кој ги испитува настаните кои доведоа до бомбата во Оклахома.

„Dark Night“

3

Поени: 61/100

Животите на шест непознати луѓе се испреплетуваат кога насилен масакр се случува во едно приградско кино.

„The Comedian“

4

Поени: 39/100

Џеки, постар комичар, се бори повторно да ја „заживее“ неговата кариера во мигови кога неговите фанови го гледаат само како лик од серија којашто некогаш се емитувала на телевизија.

„The Space Between Us“

5

Поени: 34/100

Романтичен научно фантастичен филм кој во основа е „Ромео и Јулија“, само што Ромео е првиот човек кој се родил на Марс.

„Eloise“

6

Поени:15/100

Четири пријатели упаѓаат во напуштенa ментална болница во која наоѓаат посмртница која на еден од нив ќе му донесе големо наследство. Меѓутоа излегува дека менталната болница е прогонувана од духови.