Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?

Денес е понеделник, 6 февруари 2017 година, 37-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 16:59 часот. Денот ќе трае 10 часа и 23 минути.

САТЕЛИТСКА СЛИКА – Облачно и над просечно топло утро имаме денеска во Македонија, па слободно можеме да кажеме дека имаме пролетно утро со исклучок на градовите кои неколку дена се под магла и таму температурите се доста пониски. Тешко дека денеска ќе бидат достигнат вчерашните максимални температури кога во Гевгелија и Демир Капија УХМР измери речиси 20 степени, но секако не очекува наtпросечно топол ден.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која попладне ќе се намалува кога ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Попладне под влијание на циклон чиј центар се наоѓа над Италија, продор на влажна воздушна маса од запад, која што доцна попладне во југозападните, западните и северозападните предели ќе услови поинтензивни врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. Локално се очекуваат да наврнат до 30 литри дожд. Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежи од дожд ќе има во североисточните, источните и југоисточните предели но ќе бидат со послаб интензитет. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните од 7 до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје претежно магловито и посвежо време. Во доцните претпладневни и попладне постојат услови за намалување на облачност, а во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени, додека пак максималната дневна до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник во утринските и раните претпладневни часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува умерено облачно и топло време со дневни температури кои ќе се движат од 4 до 13 степени. Во среда и четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку постудено време со опаѓање на температурите. Во среда утринските од -4 до 4 степени, додека пак максималните од 3 до 13 степени. Во четврток минималните од -5 до 3 степени, додека пак дневните од 2 до 12 степени. Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и благ пораст на температурите, утринските од -3 до 5 степени, додека пак максималните од 3 до 13 степени

Weather4all.com.mk