Пријавете се на семинарот по применети корпоративни информациски системи
Датум на одржување: 15 и 16 февруари 2017
Локација: АБИТ (Конгресна сала II кат)
Времетраење: 17:00 – 20:00 часот
Рок за пријавување: 14 февруари 2017
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118
НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Главната цел на семинарот е да се презентираат информациските системи на мултидисциплинарно ниво кое ќе биде прифатливо за вработените во банките и други компании. Со овој пристап ќе се презентира управувањето на корпоративните податоци во информациските системи за учесниците од деловната страна. Во исто време, семинарот содржи примена на информатичките технологии што е атрактивно за учесниците кои ги развиваат и одржуваат тие системи. Ќе бидат разгледани инфраструктурните компоненти на информациските системи и нивна намена за зголемена ефикасност, функционалност и надградливост. Посебен акцент ќе се даде на организирањето и трансфромацијата на корпоративните податоци во интелигентни информации користејќи деловна интелигенција како технологија за креирање на знаење за поддршка на стратешки одлуки. Ќе се разгледуваат примери на применети информациски системи во централната банка на РМ.