Инбох ДООЕЛ Скопје, најуспешниот професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нудиврвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, поради зголемен обем на работа има
потреба од вработување на:
ПОМЛАД АДМИНИСТРАТОР НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ;
ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР;
ПОМЛАД АДМИНИСТРАТОР НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ
Сектор за информатичка технологија (ИКТ/02).
ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖЕН ЗА:
• администрирање на базата на податоци
• data mining (прегледување на големи бази на податоци со цел да се генерираат нови информации), структурирање и
презентација (управување со информациони системи)
• интеграција на разни апликативни алатки со базата на податоци
• учество во креирање на прилагодени ИКТ решенија и следење на нивна имплементација;
• спроведува обука на крајните корисници на апликациите;
• презентира решенија на нови клиенти.
• континуирано ќе се грижи за унапредување на информатичко – технолошката платформа за електронско управување со документи и креира работни дијаграми и шеми на процеси.
Дополнително, ќе учествува во подготовката на годишниот план за развој на продукти и опрелување на капиталниот и оперативниот буџет потребен за имплементирање на ИКТ продуктите; Изготвува бизнис анализи за корпоративни процеси
и создава решенија за автоматизација на истите процеси; одржува редовна комуникација со тимот на продажба и нуди
техничка помош околу реализирање на процесите и креира предлози за подобрување на достапноста на платформата,
безбедноста и ефикасноста во управувањето со процесите.
КАНДИДАТОТ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВА:
• ВСС соодветна на работната позиција, пожелно факултет за информатички науки и компјутерско инженерство или
Економски факултет – е-бизнис
• Работно искуство на слична позиција од најмалку 1-2 години, по можност стекнато во интернационална компанија
• Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
• Способност за самостојна работа и работа во тим
Избраниот канидат за својата работа одговара на раководител на сектор.
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 17 февруари 2017
година, со назнака на огласот за кој аплицирате и шифра на истиот во насловот на пораката.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите
податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат
уништени.
Инбох ДООЕЛ Скопје бара кандидати за горенаведената позиција. Инбох ќе изврши избор на кандидат во рок од 3 месеци од
завршувањето на рокот за пријавување на овој оглас.
ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР (ОМ/01-2017)
Сектор: Операции и управување со продукти и услуги.
ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖЕН ЗА:
• учество во развој, имплементација и менаџмент на компаниската стратегија; учество во изборот и имплементација на
нови технологии и целосно искористување на достапната технологија; идентификација и решавање на оперативни
проблеми со користење на дефинирани процеси и експертиза
• управување со деловните процеси во компанијата и развој на надворешните производи; востановување на метрички
системи за мерење на ефикасноста на работењето; изготвување на планови подобрување на ефикасноста на интерните
процеси како би се гарантирала ефикасна комуникација, максимална продуктивност и ефикасно работење
• учество во подготовка на анализи за остварените приходи од склучените договори со корисниците на услуги, подготовка
на Правилници и процедури на оперативни активности;
• раководење со тим и грижа за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот; учествува во иницијативите
за управување со знаењето, изготвување на планови и канали за стекнување на знаење и имплементирање на практики
за пренесување на знаење;
• грижа за одржувањето на професионална комуникација со клиенти, потенцијални клиенти и добавувачи и истражување на
каналите за меѓународно вмрежување.
АКО СТЕ ВИЕ НАШИОТ ИДЕАЛЕН КАНДИДАТ ТОГАШ ИМАТЕ:
• Високо образование – Економски факултет, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство,
Електротехнички факултет
• Силна лична ориентација кон ИТ решенија и напредно познавање на ИКТ
• Најмалку 5 години работно искуство на слична позиција стекнато во интернационална компанија
• Одлични аналитички и организациски вештини
• Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
• Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
• Напредни способности за презентација, креативност и проактивност, доверливост, флексибилност
• Способност за работа под притисок и кратки рокови
Oперативниот менаџер за својата работа одговара директно на Генералниот директор.