Ново руско царство на Пацификот?!

Ново руско царство на Пацификот?!

Подготвил: Б.Б.


Рускиот милионер и поранешен пратеник, Антон Баков, планира да изгради ново руско царство, но на Пацификот.

Егзотична плажа

Баков и неговата сопруга Марија, како што пренесува Гардијан, сакаат да купат три ненаселени острови каде планираат да востановат таканаречена „алтернативна Русија“ и да ја вознобноват монархијата. Баков планира да вложи стотици милиони долари во овој проект, а сака новата држава да биде како царството на Романови.

Засега е познато дека тој планира да ги купи островите Маден, Старбук и Милениум од малата пацифичка нација Кирибати.

„Ова место ме привлече заради прекрасната клима, големите острови и малиот број на жители, на кои добро ќе им дојде нашата помош“, вели Баков.

Поранешниот претседател на Кирибати, Тебуроро Тито вели дека дава поддршка за договорот со Баков.
„Ако тие можат да го направат тоа, а ние да немаме штета, освен земјата на која ќе живеат, не гледам причина за големата врева што се прави“, истакнува тој.

Сопругата на Баков изјавила дека ваквото место е „желба на голем број руски патриоти кои не се задоволни од режимот на Путин“.