Оглас за вработување во MoneyGram

Оглас за вработување во MoneyGram




Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје-Центар пoштенски факс бр.915, кој е Давател на услугата Брз Трансфер на Пари- MoneyGram, Лиценцирана од страна на НБРМ, oбјавува :


ОГЛАС
за Асистент во одделот за Правни работи

Работни задачи и одговорности:

•    Изработка на договори за вработените;
•    Изработка на договори за Субагентите;
•    Изработка на решенија за годишен одмор/евидентирање на годишниот одмор за вработените;
•    Вршење на прием и архивирање на документација и фактури
•    Водење на евиденција за работно време на вработените;
•    Спремање на известувања и дописи;
•    Следење на промените во законската регулатива за брз трансфер на пари;
•    Вршење и други административни работи по барање на главниот сметководител/и или од другите структури на управување ;
•    Извршува други работи по барање на Управителот.

 Подготовка и професионални вештини:

•    Универзитетска диплома од Правен Факултет или Јавна Администрација;
•    1 година минимум работно искуство во соодветната област;
•    Висока флексибилност во користењето на MS Office;
•    Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик ;
•    Предност имаат кандидатите со познавање на Албански јазик ;
•    Интерперсонални вештини за управување ;
•    Организациски и аналитички вештини.


Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  kariera@moneta.mk  или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Асистент во одделот за Правни работи”.

Напомена:
Огласот важи од 10.02.2017 година до 17.02.2017 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.