СОЗР на Влада на Р. Македонија објавува оглас за вработување
Врз основа на член 22 став 1 алинеа 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во
јавниот сектор („Службен весник на РМ" бр. 27/14, 199/14 и 27/16), член 22, член 23, член 24, член 25,
член 26 и член 27 од Законот работните односи („Службен весник на РМ" бр. 62/2005, 106/2008,
161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013,
170/2013, 187/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2105, 195/2015 и 27/2016), Правилникот за
систематизација на работните места во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република
Македонија, бр. 013692/2, од 01. 06. 2015 година, Службата за општи изаеднички работи на Владата на
Република Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2017
за вработување на рабогннцн поради привремено зголемен обем на работа во Службата за општи
и заеднички работи на Владата на Република Македонија
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено
зголемен обем на работа, објавува јавен оглас за ангажирање на 9 лица на определено време, дрдека трае
потребата на институцијата, a најдолго 1 година на следниве работни позиции:
1 КВ дактило работник во Одделение за извршување нормативноправни, стручноадминистративни
и архивски работи 5 извршители, со завршено најмалку средно образование и најмалку една година
работно искуство во струката.
2. Возач во Одделението за превоз н одржување на моторни возила - 4 извршители, со завршено
најмалку средно образование, со и без работно искуство во струката и возачки испит Б категорија.
Потребни квалификации за работното место број 1
-Најмалку средно образование;
-Најмалку 1 година работно искуство во струката.
Потребни квалификации за работното место број 2:
-Најмалку средно образование;
-Со или без работно искуство во струката;
-Возачки дозвола Б категорија стекната 5 пред објавување на огласот.
Кандидатите кон пријавата за засновање на работен однос треба да ги приложат и следните документи:
своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
кратка биографија CV, со наведен контакт телефон и адреса;
уверение за завршено соодветно образование;
фотокопија од уверение за државјанство;
уверение за кривична евиденција;
лекарско уверение за општа здравствена состојба.
Работно време е од 08:30 до 16:30 часот од понеделник до петок, 40 часа неделно.
Основна нето плата за работна позиција број 1 изнесува 11.810, 00 денари, a за работна позиција 2
изнесува 13.451, 00.
Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.
Пријавите да се достават до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, ТЦ Скопјанка Скопје, преку архивата на Службата или
преку пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните
документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рокот пропишан согласно Законот за работни односи.
Служба за општи и заеднички работи на
Владата на Република Македонија