Вработување во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски

Вработување во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски"

Врз основа на член 63 и 131 од Законот за високо образование и член 18 став 1 алинеа 6 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/09), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски" - Скопје распишува

КОНКУРС
за избор на наставници во сите звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски* - Скопје

1.      ИЗБ0Р НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО- НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА, ОБЛАСТИ

1.    НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНА ОБЛАСТ: АРХИТЕКТУРА НА СМЕТАЧКИ СИСТЕМИ, ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ - 1 (еден) извршител;

2.    НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: ГЕОГРАФИЈА, НАУЧНА ОБЛАСТ: КАРТОГРАФИЈА, РЕГИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА И ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ - 1(еден) извршител.

II.    Покрај општите услови угврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор во наставно-научни звања на Воената академија треба:
-    да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
-    да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 124,125 и 142 од Законот за високо образование, Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски"- Скопје.
-    кандидатите е потребно да имаат најмалку 8 (осум) години работно искуство во Министерството за одбрана или АРМ.

III.    Кандидатите за избор во наставно-научно звања треба да ги достават следните документи:
-    пријава по конкурс;
-    кратка биографија (печатена и електронска);
-    диплома за завршено соодветно образование; (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверен кај нотар);
-    странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
-    список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок одтрудовите електронски во PDF);
-       уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
Документите се доставуваат до Архивата на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески" 66 Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат. Воената академија по извршениот избор на наставници во сите наставно-научни звања, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА