Телефоните со најголемо зрачење

Телефоните со најголемо зрачење

Подготвил: Маја Пероска

Мобилните телефони емитуваат радио бранови кои претставуваат вид на нејонизирачко зрачење кое нашето тело може да го апсорбира. Меѓутоа, многумина сметаат дека овој вид на зрачење го зголемува ризикот од добивање канцер, па заради тоа кај секој мобилен телефон се мери специфична константа на апсорпција (SAR), односно ниво на радијација која ја емитува телефонот кога се користи, а која нашето тело ја впива.


Според правилата на Федералната комисија за комуникација на САД, дозволената специфична константа на апсорпција е 1,6 вати по килограм тежина, па секој телефон кој ќе ја надмине оваа цифра не може да се најде во продажба.

Ова се петте телефони кои најмногу зрачат, според истражувањето на сајтот „CNET“.

5. Huawei Vitria (1,49 SAR)

4. Alcatel One Touch Evolve (1,49 SAR)

3. Motorola Moto E (1,5 SAR)

2. Motorola Droid Ultra (1,54 SAR)

1. Motorola Droid Maxx (1,54 SAR)