Адел апсолутен победник на Греми наградите

Адел апсолутен победник на Греми наградите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Поп дивата Адел освои најголем дел од наградите на синоќешните музички награди Греми, кои се одржаа во „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес.

adel

Британската пејачка освои пет Греми награди и со тоа уште еднаш ја докажа нејзината важна позиција во светската музика. Таа ја освои наградата за најдобра песна, најдобар  албум, најдобра снимка и најдобра соло изведба.

Како домаќин на овогодишните Геми награди се појави Џејмс Корден, популарниот актер и водител на емисија во автомобил, чии совозачи се познатите ѕвезди.

Бијонсе имаше најголем број номинации (девет), а го собори и рекордот - музичар номиниран во четири различни жанрови во истата година. Таа беше номинирана во категориите: поп соло изведба, рок изведба, урбан современ албум и рап изведба.

Канје Вест, Дрејк и Ријана имаа осум номинации, додека раперот Ченс шест номинации. Тој освои три награди - Греми за најдобар нов изведувач, најдобар рап албум и рап изведба.

На годинешното издание беа доделени 89 награди, а манифестацијата им оддаде почит и на музичарите кои минатата година заминаа меѓу легендите. Адел ја испеа песната „Fast love“, Бијонсе заедно со нејзината ќерка и Џеј Зи му оддадоа почит на Принц облекувајќи се во негов стил.

Листата на победници можете да ја погледнете ТУКА.