Tрета студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Tрета студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Ве покануваме да учествувате на третата студентска филолошка конференција „Како си ми?“, која ќе се одржи на 1.4.2017 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.




За да може да учествувате треба да бидете студенти на додипломски студии или да имате дипломирано во последните 12 месеци, и тоа на кој било факултет и универзитет во Македонија. Излагањата може да бидат индивидуални или групни.

Конференцијата ќе се состои од излагања од 10 минути по кои ќе следува дискусија. Темите на излагањата може да бидат од областа на филологијата, т.е. лингвистиката, книжевноста, методиката, преведувањето или толкувањето, или што било друго поврзано со нив. Темите може да бидат и споредбени т.е. контрастивни. Работниот јазик на конференцијата е македонски.

Рокот за пријавување е заклучно со 24.2.2017 г. Испратете ни ваши податоци, тема на излагањето и апстракт (од 150 до 200 збора) на kakosimi.flf@gmail.com.