Оглас за вработување во МЕДИС ДОО

Оглас за вработување во МЕДИС ДОО



Медис доо е компанија со 28 годишно искуство во фармацевтскиот маркетинг и е партнер на водечки мултинационални производители на лекови. Претставништвото во Скопје повеќе од 10 години работи и се шири, и дава можности на вработените да во однос на резултатите бидат наградени. Лекарите, фармацевтите и останатата стручна јавност ја информираме за нашите продукти, произведени од светски познати фармацевтски компании.

Доколку сметате дека сте способни да ги остварите поставените цели и сопствените потенцијали, бидете дел од овој тим и придружете ни се на следното работно место:

Стручен соработник за промоција на лекови, ОТЦ препарати и диететски суплементи (м/ж)

Нудиме:

• одговорна и стручна работа во динамична екипа со позитивна работна атмосфера
• стимулативна заработка
• додатни едукации и континуиран развој на стручен план
• работа со одлични производи
• прилика за стекнување единствено искуство во успешна фармацевтска компанија

Вашите работни обврски ќе вклучуваат информирање на здравствените работници за производите преку редовни посети на лекари и фармацевти, организирање на едукации и локални состаноци. Ќе бидете одговорни за планирање, реализција, анализа и следење на продажбата на доделените производи, што од Вас ќе бара стручност, како и комуникациски и преговарачки способности.

Услови:

• високо образование ( мединински, фармацевтски или стоматолошки факултет)
• предност имаат кандидати со претходно искуство со иста или слична работа (мин. 2 год.)
• склоност кон работа на терен и патувања
• висок ниво на самостојност и самоорганизираност при извршување на задачите
• фокус на перформансите , доверливост и проактивност
• работа на компјутер (MS Office)
• добро познавање на англиски јазик
• возачка дозвола - Б категорија

Пријавете се до 28.2.2017 преку формулар на интернет страната www.medis.si/en, во рубриката Jobs . Пожелно е вашето CV да биде на латиница.



Медис д.о.о., Претставништво Скопје, Ул. Наум Наумовски Борче 50 -2/6, 1000 Скопје,