Помогнете во истражувањето и откривањето на нови планети

Помогнете во истражувањето и откривањето на нови планети

Подготвил: М.Д.

Благодарение на група истражувачи од Институтот за наука Карнеги, објавена е импресивна база на податоци што содржи 61.000 т.н. Доплери на брзина од 1.600 блиски ѕвезди.

ѕвезди


Податочната база е отворена за ентузијасти да истражуваат и да ја пронајдат следната егзопланета, а податоците се собирани од 1994 до 2008 со специјалниот спектометар HIRES лоциран на Хаваите, а дизајниран од Стивен Вогт.



HIRES содржи ќелии кои апсорбираат гасовит јод, кој се користи за набљудување на периодични смени во спектарот на светлината на ѕвездата родител, наречени Доплер смени. Таквите смени се предизвикани од мала промена на брзината на ѕвездата, кои научниците ги користат да извлечат заклучок за гравитационото влечење на егзопланетата. Пронајдени се 100 егзопланети вклучително и четвртата најблиска ѕвезда до нашиот Соларен систем GJ 411.

Егзопланетите всушност, се планети кои се надвор од Сончевиот систем, а орбитираат околу некоја ѕвезда. Со базата на податоци тимот научници се надеваат дека ќе добијат многу свежи идеи. Но тие објаснуваат дека имаат толку многу податоци што за сите дополнителни ќе им биде потребно многу време за проследување. Тимот според исказите, не е доволно голем за да се даде вниманието кое го заслужуваат податоците од ентузијастите надвор од Институтот.
Ова е одлична можност за јавноста да учи како се пребаруваат планети. Целта на овој тим е да се движат повеќе кон заедницата, иако предизвикуваат вознемиреност кај некои академски елити.