Зошто Југото е најлошиот автомобил што е некогаш произведен?

Зошто Југото е најлошиот автомобил што е некогаш произведен?

Подготвил: М.Д.

Застава Корал или Југо, произведена на југословенските простори, на американскиот пазар излегува во осумдесетите години. Оттогаш често се наоѓа на листи со најлоши автомобили на сите времиња.

југо


Иако е предмет на потсмев, за времето и цената тоа можеби и не е толку лошо. Но, ова не важи и за американскиот новинар Даг ДеМуро кој во декември на YouTube објавил видео токму за оваа тема.

Како недостатоци ги издвојува лошиот и безгрижен третман за внатрешноста, жици кои слободно висат, „моќен“ 1,1 литарски мотор, лабав менувач и мал брзина како и ретровизор кој е поставен само на страната на возачот. Но, исто така забележани се и позитивни карактериститики: лесно пали и непречено работи. 


„Малку е нефер да му се суди на Југото според денешните стандарди, но дури и според тогашните не бил доволно добар автомобил,“ се согласил ДеМуро. Погледнете го видеото: