Место на интернет каде не важат сите закони

Место на интернет каде не важат сите закони

Подготвил: Маја Пероска

Постои место на Интернет каде што секој корисник е анонимен и приватноста се почитува над се друго. Тоа е место на кое можете да купите или да го напишете сето она за кое од секогаш сте сонувале без страв дека некој ќе ве осудува или ќе ви постави дополнителни прашања. Место на криминалци, убијци, луѓе со нечесни намери, но и револуционери кои сакаат слободно да зборуваат. Тоа е Даркнет – скриената мрежа на Интернетот.



При секојдневното сурфање на Интернет, секој пат кога ќе напишеме некој поим во пребарувачот, останува забележано на софтверот, а нас може да не идентификуваат според корисничката IP адреса. Интернетот се набљудува и не сме анонимни, но кај Даркнетот работите функционираат поинаку. Неговата главна идеја е да се сочува анонимноста на корисникот.

Се работи за концепт кој може да се нарече „паралелна мрежа“. Нуди сајтови кои не се достапни на сите, а вклучува збир на компјутери, меѓусебно поврзани за да создадат заедничка мрежа. Секој компјутер воедно е и сервер, а сите информации се кодирани дури и кај преносот на податоци помеѓу компјутерите на Даркнетм, па корисниците не мора да се плашат со кого делат податоци. За пристап на таа мрежа и нејзините услуги, корисникот на својот компјутер треба да има инсталирано посебен софтвер, најчесто Тор. Бесплатен софтвер кој помага во заштитата на податоците. Неговата главна идеја е податоците на корисниците да ги заобиколат различните филтери така што секогаш се испраќаат на три случајно добрани компјутери во Даркнет мрежата. На тој начин секој податок три пати добива нова адреса па невозможно е да се открие каде е неговиот извор. Даркнет на тој начин нуди дигитална содржина која постои, но не знаеме каде е всушност сместена ниту пак кој е нејзиниот домаќин.

Заради тоа на Даркнет може да се пронајдат различни прашалници и понуди и местото е совршен пазар за сите оние кои заради своите активности одамна би требало да бидат во затвор, како трговци со човечки органи, продавачи на оружје, педофили и слично. Продавање на дрога, порнографски содржини, па дури и платени убијци се на листата активности кои се реализираат преку оваа мрежа.

Иако се чини невозможно, Даркнет има и своја светла страна, а тоа е слободата на говор. Разџличните активисти и припадници на опозицијата кои живеат во земји како Иран каде што владата цензурира и надгледува речиси се, дури и приватни мејлови, кога се заштотени со анонимноста на Даркнет, информациите се изменуваат и комуницираат со пријатели на начин на кој поинаку не би можеле.

Полицијата секојдневно се обидува да влезе во траг на корисниците на Даркнет, но за сега тоа е речиси невозможно бидејќи самата анализа на корисничките податоци овде не е доволна. Полицијаците најмногу се користат со лажни идентите, претставувајќи се како купувачи на дрога, оружје или детска порнографија за да влезат во траг на криминалците. Полицијата исто така, често поставува и лажни огласи па се обидува да ги наговори купувачите да се најдат лично при предавањето на договорената стока, но на сето ова се приоѓа со голема претпазливост.